Сибиха и Гроси разговараа за заканите по нуклеарната безбедност
- Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денеска разговараше со генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, за ситуацијата во нуклеарната електрана Запорожје.
Киев, 29 септември 2025 (МИА) – Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денеска разговараше со генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, за ситуацијата во нуклеарната електрана Запорожје.
- Се сретнав со Рафаел Гроси во врска со ситуацијата во нуклеарната електрана Запорожје и терористичките акции на Русија. Генералниот директор ги даде најновите информации за тековните критични закани по нуклеарната безбедност во електраната, напиша тој на Х.
Сибиха нагласи дека Русија ја украла украинската нуклеарна електрана и се обидува насилно да ја интегрира во својот енергетски систем, и покрај, како што рече, растечкиот ризик од нуклеарен инцидент.
- Веруваме дека привремениот механизам на управување на МААЕ со НЕ Запорожје е единствената реална опција што останува на краток рок. Ставот на Украина останува непроменет: НЕ Запорожје мора да биде вратена на својот законски сопственик, Украина, што е можно поскоро, додаде Сибиха. јт/
Фото: Сибиха на Х