• недела, 22 декември 2024

СЗО: Над 95 проценти од починатите лица во Европа имале над 60 години

СЗО: Над 95 проценти од починатите лица во Европа имале над 60 години
Женева, 2 април 2020 (МИА) - Повеќе од 95 проценти од починатите од последици од новиот коронавирус во Европа имале над 60 години, но погрешен е ставот дека со Ковид-19 се заразуваат само повозрасните лица, изјави денеска директорот на канцеларијата на Светска здравствена организација во Европа, д-р Ханс Клуге. Тој додаде дека годините не претставуваат единствен ризик за заболување. - Самата идеја дека Ковид-19 ги погодува само повозрасните луѓе всушност е погрешна. Младите луѓе не се непобедливи, посочи Клуге на онлајн прес-конференција во Копенхаген. Тој додаде дека 95 проценти од заразените со Ковид-19 се постари од 60 години, а повеќе од 80 отсто од починатите имале над 80 години, кои имале и други болести, како кардиоваскуларни проблеми, хипертензија или дијабетис. - Тешки случаи на болеста има и кај тинејџери или над 20 години, на многумина им е потребна интензивна нега, а некои, за жал починаа, наведе Клуге. СЗО претходно соопшти и дека од 10 до 15 проценти од инфицираните луѓето се помлади од 50 години. Во светот досега се регистрирани 950.708 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 48.311, а оздравеле 202.826 луѓе. ми/

Остани поврзан