• понеделник, 10 јуни 2024

СЗО: Рекордни 505 илјади новозаразени со Ковид-19 за 24 часа во светот

СЗО: Рекордни 505 илјади новозаразени со Ковид-19 за 24 часа во светот
Женева, 30 октомври 2020 (МИА) -  Повеќе од 505.000 нови случаи на заразени со новиот коронавирус се регистрирани во светот во последните 24 часа, што е најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација. Од тоа, околу половина се новоинфицирани, 258.628 се во Европа. Регистрирани се 152.211 нови случаи во Северна и Јужна Америка, а околу 58.000 во Југоисточна Азија. Претходно, на 24 октомври, беше забележано највисок дневен биланс на новоинфицирани во светот - 490.298. Околу 44,9 милиони луѓе се заразени со Ковид-19 во светот. Според податоците на СЗО објавени денеска, бројот на смртни случаи е зголемен за повеќе од 7.000. Речиси 1,18 милиони луѓе починаа од почетокот на пандемијата. зш/

Остани поврзан