СЗО предупредува на ефикасноста на растенијата при лекување на Ковид-19
- Светска здравствена организација предупреди дека е потребно да се испита ефикасноста и нуспојавите од лековитите растенија, како сладкиот пелин (Aremisia annua), што се рекламира како потенци
Женева, 5 мај 2020 (МИА) - Светска здравствена организација предупреди дека е потребно да се испита ефикасноста и нуспојавите од лековитите растенија, како сладкиот пелин (Aremisia annua), што се рекламира како потенцијален лек за Ковид-19.
Претседателот на Мадагаскар, Ендру Раџоелина промивира лек за новиот коронавирус на база на сладок пелин. Иако растителната мешавина се уште не е научно истражена, лидерите на некои африкански држави најавија дека ќе нарачаат одредено количество, а дел од нив веќе ги добиле нарачките.
- Дури и ако таквата терапија произлегува од традиционалната или комплементарната медицина, критично е да се говори за нејзината ефикасност и безбедност без ригорозни клинички испитувања, се наведува во соопштението на регионалната канцеларија на СЗО за Субсахарска Африка. ми/