• среда, 17 јули 2024

СЗО: И покрај вакцините годинава нема да се постигне колективен имунитет на Ковид-19

СЗО: И покрај вакцините годинава нема да се постигне колективен имунитет на Ковид-19
Женева, 11 јануари 2021 (МИА) - Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека и покрај вакцините против Ковид-19 годинава нема да биде постигнат колективен имунитет. - Нема да постигнеме никакво ниво на имунитет на населението или колективен имунитет во 2021 година, изјави главниот научник во СЗО, Соумја Сваминатан на брифинг. Тој ја нагласи потребата од продолжување на мерките како физичко дистанцирање, миење раце и носење маски за да се спречи понатамошно ширење на пандемијата. Претходно и Дејл Фишер, шеф на Глобалната мрежа за предупредување и одговор на епидемиите, координирана од СЗО, оцени дека во 2021 година нема да биде постигнат колективен имунитет. Здравствените експертикако причини за непостиугнување на колективен имунитет ги наведуваат ограничениот пристап до вакцините пред се од сиромашните земји, проблемите со довербата кај одредени заедници и потенцијалните мутации на вирусот. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан