СЗО: Да се спречат биолошките ризици при екстерминација на куните
- Светска здравствена организација (СЗО) изрази загриженост поради биолошките ризици во Данска, каде поради масовното ширење на Ковид-19 помеѓу канадските куни, се спроведува масовна екстермина
Женева, 6 ноември 2020 (МИА) - Светска здравствена организација (СЗО) изрази загриженост поради биолошките ризици во Данска, каде поради масовното ширење на Ковид-19 помеѓу канадските куни, се спроведува масовна екстерминација на тие животни.
Шефицата на секторот за технички прашања во СЗО, Марија ван Керјхова, изрази загриженоист поради пренесување на новиот коронавирус од канадските куни на луѓето и укажа дека таквиот ризик е значително помал кај другите животински видови.
- Работиме со нашите регионални центри. Таму каде што има одгледувалишта на канадски куни, се обидуваме да обезбедиме биолошки безбеден процес на екстерминација и да спречиме да се пренесува заразата од живтоните на луѓето, посочи Керкехова. ми/