СЗО: Вирусот најверојатно потекнува од лилјаците
- Тимот на Светска здравствена организација, која го истражува потеклото на Ковид-19 во Кина соопшти дека вирусот најверојатно потекнува од лилјаците и оти најверојатно има уште едно животно до

Женева, 4 август 2020 (МИА) - Тимот на Светска здравствена организација, која го истражува потеклото на Ковид-19 во Кина соопшти дека вирусот најверојатно потекнува од лилјаците и оти најверојатно има уште едно животно домаќин како посредник.
- Тимот имаше опширни разговори со кинеските колeги и доби информации за епидемиолошките студии, биолошките и генетските анализи и ветеринарни истражувања, исјави портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер.
Тој додаде дека имало и видео-разговори со виролозите и научниците од Вухан.
Претставникот на СЗО, Мајк Рајан вчера истакна дека се можни изненадувања.
- Фактот дека алармот се запали во Вухан не значи дека заразата преминала од животно на човек, посочи Рајан. ми/