• понеделник, 08 јули 2024

Се чистат уште три депонии во Ѓорче Петров

Се чистат уште три депонии во Ѓорче Петров
Скопје, 25 јануари 2022 (МИА) - Се чистат три нови депонии во Ѓорче Петров. Од општината информираат дека во координација со Град Скопје, механизацијата е веќе на терен, а отпадот расфрлан кај индустриската зона на Шарпланинска, се  собира.Од општинската прес-служба најавуваат дека ќе продолжат со расчистувањето на дивите депонии на повеќе локации во општината со поддршка на Град Скопје и јавните претпријатија.
- Расчистуваме во делот на индустриската зона на Шарпланинска, по што ќе продолжиме и на депонијата во Орман и во Хром на кејот на реката Вардар. Ѓорче станува чиста општина, рече градоначалникот Александар Стојкоски.Од општината посочуваат дека за помалку од две недели, Ѓорче Петров во координација со градските власти успеала да ја расчисти големата депонија во Ново село. Оттаму велат дека сите депонии, се потенцијална опасност за здравјето на населението, но и жителите на Скопје.фф/лв/

Остани поврзан