Се чистат од песок и прашина улиците и тротоарите во Македонски Брод
- Денот на екологијата и првиот Ден на пролетта во Македонски Брод беа одбележани со чистење на песокот и прашината од централните улици во градот. Дополнително, во текот на попладневните часов

Кичево 21 март 2022 (МИА) - Денот на екологијата и првиот Ден на пролетта во Македонски Брод беа одбележани со чистење на песокот и прашината од централните улици во градот. Дополнително, во текот на попладневните часови бродските улици ќе бидат измиени со вода од страна на екипи на ТППЕ - Македонски Брод.
- За да го одбележиме Денот на екологијата и Денот на пролетта, во соработка со комуналното претпријатие спроведовме еколошка акција за целосно отстранување на песокот и прашината од централните градски улици, што беше наталожено по снежните врнежи во текот на зимата, рече градоначалникот Жарко Ристески и посочи дека денешното чистење на улиците ќе финишира со нивно миење со вода од страна на екипи на ТППЕ Македонски Брод.
