Се формира нов зелен коридор на булеварот „Партизански одреди“ во општина Ѓорче Петров
- Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве започнаа со хортикултурно уредување на нова зелена површина на булеварот „Партизански одреди“ во општина Ѓорче Петров, информираат од Град Скопје.

Скопје, 17 август 2022 (МИА) - Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве започнаа со хортикултурно уредување на нова зелена површина на булеварот „Партизански одреди“ во општина Ѓорче Петров, информираат од Град Скопје.
-На неуредената јавна површина на овој потег се реализираат активности за формирање нов зелен коридор на вкупна површина од 500-тини квадратни метри. Во текот на активностите на оваа локација ќе се изврши прекопување на површинскиот слој на земја, рамнење на површината и нанесување на нова квалитетна почва. На површината се поставува систем за полевање, а ќе се формира и тревник по што планирано е засадување садници, веднаш штом се создадат поволни временски услови, соопштуваат од скопската локална самоуправа.
Оттаму истакнуваат дека Градот Скопје, заедно со ЈП „Паркови и зеленило“, продолжува со активности за уредување на нови зелени површини и формирање на зелени коридори низ населените места во Скопје.ир/са/
