• понеделник, 23 декември 2024

Се уредува градското зеленило во Македонска Каменица

Се уредува градското зеленило во Македонска Каменица
Македонска Каменица, 1 ноември 2022 (МИА) - Се уредува градското зеленило во Македонска Каменица. Активноста ја реализираат екипи на Јавното претпријатие „Камена Река", од каде информираа дека таа е започната од Сарафско маало.
-Вработените во ЈП „Камена Река" задолжени за одржување на јавната чистота и уредување на градското зеленило, продолжуваат со спроведување на работни активности за чистење на сите јавни површини во општина Македонска Каменица. Утрово, беа чистени јавните простори во приградската населба Сарафско маало, детското игралиште во тој дел од градот и западниот влез во Македонска Каменица, информираа од претпријатието.
Акцијата, според временските услови, како што додадоа, ќе продолжи и во наредниот период со чистење на сите јавни простори во централното урбано подрачје и периферните делови на Македонска Каменица.
-Воедно се работи и на отстранување на дефекти на водоводната мрежа и инсталација на нови водомерни единици во централното градско подрачје и работни активности, додадоа од претпријатието.
Паралелно како што додадоа со вклучена крупна механизација, ќе продолжат активностите за пробивање и уредување на нови пристапни земјени патишта во руралните средини на општина Македонска Каменица. вс/сст/

Остани поврзан