• понеделник, 25 ноември 2024

Се стабилизира состојбата со болни деца во Струшката болница

Се стабилизира состојбата со болни деца во Струшката болница
Струга, 3 февруари 2022 (МИА) – Состојбата со наплив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Струга полека се стабилизира, информира шефот на одделот за Педијатрија, Бујар Превала. Покрај од Струга и струшко, во овој оддел, се носат и деца од Охрид, по скратеното работно време на Детското одделение во Охридската болница, поради дефицит на педијатри. -Пациенти доаѓаат од Струга, Охрид и околината. Имавме многу пациенти до пред една недела речиси во текот на целиот изминат месец, сега за среќа бројот е намален и можеме да излеземе на крај. Пациенти од Охрид доаѓаат во трета смена и за викендите, бидејќи во прва и втора смена работат двајца доктори на Детското одделение во Охрид. Ние сме шест педијатри и сега за сега, работата тече нормално и можеме да постигнеме, изјави доктор Превала. Доктор Превала посочува дека изминатиот месец имал и зголемен број пациенти, најчесто со настинки и вирусни инфекции, но имало и децата со Ковид – 19, кои се лекуваат во струшката болница, а во случај на влошена состојба се препраќале на Клиниката за детски болести во Скопје.сс/вј/

Остани поврзан