• сабота, 13 јули 2024

Се реконструираат улиците „Драмска“ и крак на „Тасино Чешмиче“ во општина Центар

Се реконструираат улиците „Драмска“ и крак на „Тасино Чешмиче“ во општина Центар
Скопје, 4 јуни 2021 (МИА) - Реконструкцијата на улиците „Драмска“ и крак на „Тасино Чешмиче“, на Водно во Општина Центар започна и на вкупна површина од 1.129 метри квадратни ќе биде заменет стариот и оштетен со нов асфалт, информираат од Општина Центар. Двата реконструктивни зафати се дел од летната градежна офанзива на Општина Центар, која ќе опфати 14 сервисни општински улици, како и обновувањето на улицата „Орце Николов“. Од општината, исто така, информираат дека привршува асфалтирањето на улиците 164, 166 и Хусеин Бајрам во населбата Крњево, а во тек е реконструкцијата на крак од улицата „11 Октомври“, кај Билна аптека. До крајот на летото, од општинаат информираат дека е планирано да се реконструираат уште други осум улици. аа/са/

Остани поврзан