• понеделник, 23 декември 2024

Се ревитализира ботаничката градина во ЗОО Скопје

Се ревитализира ботаничката градина во ЗОО Скопје
Скопје, 20 март 2022 (МИА) - Градоначалничката Арсовска заедно со директорот на ЗОО Скопје Кристијан Стаменов и дел од советниците од град Скопје учествуваа на отпочнување на пролетната акција за раззеленување на ботаничката градина. Како што соопштуваат од Град Скопје, вработените на ЗОО Скопје во координација со ЈП Паркови и работат заедно во акција за чистење и ревитализација на ботаничката градина која како што е наведено во соопштението во изминатите четири години не била функционална, односно посетителите немале можност да прошетаат во тој дел од зоолошката градина. -Ботаничката градина се протега на 20 000 м2, а следи обновување на системот за полевање и подготвени се нови 200 садници за засадување. Градината ќе добие и нова урбана опрема, а во план е и реконструкција на дрвените мостови, со што овој простор ќе биде повторно достапен за посетителите, велат од Град Скопје. Информираат дека во наредниот период Градот Скопје и ЗОО Скопје, ќе спроведат низа активности со кои ќе се подобрат условите на живеалиштата на животните, како и инфраструктурата којашто ќе овозможи подобри услови за посетителите на скопската зоолошка градина.свс/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан