Се расчистува снегот од шахтите во Скопје
- Активности за расчистување и непречено функционирање на атмосферската канализациска мрежа во Скопје, започнаа утринава екипите на ЈП „Водовод и канализација”, по обилните врнежи од снег измин

Скопје, 15 февруари 2021 (МИА) - Активности за расчистување и непречено функционирање на атмосферската канализациска мрежа во Скопје, започнаа утринава екипите на ЈП „Водовод и канализација”, по обилните врнежи од снег изминатиот викенд.
Екипите, како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ во текот на денот ќе продолжат со расчистување и проверка на функционалноста на сливниците и шахтите во сите општини на територијата на град Скопје. аа/дма/