• понеделник, 23 декември 2024

Се распушта Друштвото за австриско-руско пријателство

Се распушта Друштвото за австриско-руско пријателство

Виена, 19 ноември 2024 (МИА) - Друштвото за австриско-руско пријателство ДАРД се распушта, објавија денеска австриските медиуми.

Долги години, виенското здружение е дом на водечки личности од политиката и бизнисот. Репутацијата на здружението, кое е блиско до Кремљ, и шпионските откритија за нејзиниот поранешен член и учесник во измамата „Вајркард“, Јан Марсалек, веројатно ја наметнаа оваа одлука, пренесуваат медиумите.

ДАРД е основано на почетокот на векот и брзо стана место за средба на менаџери, високи функционери и влијателни членови на сите парламентарни партии. На настаните се појавуваат познати личности - од ветеранот на Социјалдемократската партија на Австрија Ханес Андрош до поранешниот лидер на австриската Партија на слободата Хајнц-Кристијан Штрахе, до поранешниот шеф на ОМВ Рајнер Селе и поранешниот канцелар Себастијан Курц, за кои се организираат патувања во руските региони. Пред се, контакти се остваруваа на раскошните забави организирани од здружението, пишува весникот „Стандард“.

Веб-страницата на друштвото веќе не е достапна, никој не одговара на телефонскиот број, пренесува австрискиот весник „Курир“. 

Во моментов не е јасно колку членови остануваат во друштвото. Неколку истакнати функционери си заминаа во 2020 година, некои од нив веројатно по рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан