• понеделник, 23 декември 2024

Се разгледува можност да се намали казната за неизградениот Клинички центар

Се разгледува можност да се намали казната за неизградениот Клинички центар
Скопје, 28 октомври 2022 (МИА) - Како Министерство за здравство сме организирани со правници да ја разгледаме можноста да се намали казната од околу 8,5 милиони евра на италијанската компанија за изградба на новиот Клинички центар, вели министерот за здравство Беким Сали. -Секако нема да биде таа сума, бидејќи најчесто страната што побарува ги бара сите средства што ги предвиделе во нивните калкулации во однос на раскинување на тој договор. Не секогаш тие средства се исплаќаат од другата страна, во овој случај државата. Таа процедура по сите практики ќе продолжи и најверојатно ќе одиме на арбитража и ќе одземе подолг период и не знаеме кога ќе има краен исход, појасни Сали, во одговор на новинарско прашање при денешната посета на вакциналниот пункт во Амбулантата Пролет. Апелира да не се избрзува со барања информации за тоа колку државата ќе биде оштетена и оти се трудат да бидат рационални и максимално организирани во однос на заштита на државата. см/ки/

Остани поврзан