• четврток, 16 мај 2024

Се разведува Виталиј Кличко

Се разведува Виталиј Кличко

Лос Анџелес, 18 август 2022 (МИА) - Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко и неговата сопруга Наталија, која живее во Германија, одлучија да се разведат по 26 години брак.

- И двајцата го сакаме тоа. Многу години имавме различни интереси, различни животи... И сега решивме да го официјализираме, изјави 51-годишниот Кличко во интервју за украинскиот портал „Бабел“. Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија е еден од поистакнатите водачи на украинскиот отпор кон Русија. Наталија пред неколку години се преселила во Хамбург. Кличко изјави оти сѐ уште се во добри односи и дека ќе се грижат еден за друг. Тие имаат два сина и една ќерка на возраст од 17 до 22 години. Двојката се венчала во Киев во април 1996 година.  си/

Остани поврзан