• недела, 30 јуни 2024

Се поставува атмосферска канализација на дел од улицата „ЈНА“ во Неготино 

Се поставува атмосферска канализација на дел од улицата „ЈНА“ во Неготино 
Неготино, 17 март 2022 (МИА) - Се поставува атмосферска канализација на дел од улицата „ЈНА“ во Неготино, информираа денеска од неготинската Локална самоуправа. - Целта е прифаќање и акумулирање на атмосферските води од улицата и надминување на овој долгогодишен проблем со кој се соочуваат жителите од тој дел на градот. Ги спроведуваме овие активности согласно програмата за комунални дејности и уредување на градежното земјиште за 2022 година и согласно договорите со ЈП „Комуналец", соопштија од Општината. При увидот од страна на стручните служби и укажувањата на жителите кои живеат на оваа улица, констатирано било дека на кракот пред училиштето „Гоце Делчев“ се јавувал проблем со акумулацијата на атмосферските води. - Токму затоа, работници на ЈП ,,Комуналец",  со цел што е можно побрзо да се одговори на барањата на Општината, се присутни на терен и работат на изградбата на атмосферската линија со сите потребни елементи и со приклучок до најблиската линија, на спојот на оваа, со улицата „Маршал Тито“, појаснија од Локална самоуправа Неготино. свд/цр

Остани поврзан