• петок, 22 ноември 2024

Се подготвува тендер за вториот дел од автопатот Скопје - Блаце, ќе се обновува постојниот пат

Се подготвува тендер за вториот дел од автопатот Скопје - Блаце, ќе се обновува постојниот пат
Скопје, 5 октомври 2022 (МИА) - За  автопатот Скопје - Блаце претстои тендер за избор на изведувач на втората делница, а ресорниот министер Благој Бочварски очекува активности на терен наредната година доколку биде успешна тендерската постапка. Се работи на првиот дел од автопатот, а за постојниот пат Скопје-Блаце е избран изведувач за обнова поради лошата состојба. -Во однос на автопатот Блаце јас веќе информирав дека првата делница веќе се гради, за втората делница веќе привршуваат првите постапки и очекуваме во текот на наредниот период да се распише тендерската постапка. Таму сумата на проектантската вредност е некаде над 190 милиони евра. Тоа е голема сериозна инвестиција на доста тежок терен и очекувам дека во текот на наредната година, доколку биде успешна постапката за избор на изведувач, веќе ќе имаме активности и на втората делница, а ќе очекуваме и завршување на првата делница со што тие над 12 километри до Обиколница Скопје ќе влезат во комплетна реорганизација на теренот. Веќе имаме избрано изведувач и за рехабилитација на постоечкиот пат Скопје – Блаце којшто е во една полоша состојба, изјави Бочварски, на новинарско прашање при посетата на Пробиштип. Целта на активностите, како што посочи, е патната инфраструктура да се доведе до ниво какво што заслужуваат граѓаните. -Оние чекори коишто биле изгубени во минатото денеска ние еве чекор по чекор и во најголемата криза ги враќаме. И не само со овој патен правец, туку и со патниот правец на Коридорот 10Д од Градско кон Дреново – Фариш, Фаришката Клисура, Плетвар и сите останати патни правци со цел да се подобри сликата на инфраструктурата, рече Бочварски. Тој соопшти дека за втората делница од експресниот пат Штип-Кочани денеска е завршена постапката за експропријација која што  одзела доста време. - Овој експресен пат е со над 92 проценти прогрес на работите и нашите очекувања се дека во декември ќе можеме да го пушптиме во сообраќај под времен режим, таму се вршат сите градежни работи, тоа го гледаат граѓаните,  изјави Бочварски. вдј/лв/

Остани поврзан