• понеделник, 23 декември 2024

Се подготвува преработка на „Осмиот патник“

Се подготвува преработка на „Осмиот патник“
Лос Анџелес, 7 март 2022 (МИА) - Феде Алварез, режисерот на хорор-хитот „Не диши“ (Don't Breathe) e во подготовка на следниот проект - преработка на класиката на Ридли Скот - „Осмиот патник“ (Alien). Филмот е во продукција на стрим-платформата „Хулу“, а Алварез работи и на сценариото и на режијата. Според западните медиуми, режисерот ја има оваа замисла со години, па се чини, сега созреала. Филмот е во претпродукција и нема податок кога ќе биде достапен за гледачите. Алварез во мигов е актуелен со последното продолжение на „Тексашки масакр со моторна пила“ - хорор-класиката од 1970-тите.  си/

Остани поврзан