• вторник, 26 ноември 2024

Се очекуваат големи поплави во Мисисипи

Се очекуваат големи поплави во Мисисипи
Џексон, 29 август 2022 (МИА) - Гувернерот на Мисисипи, Тејт Ривс прогласи вонредна состојба пред очекуваните „големи поплави“, што значи водени токови со ниво од седум метри. Се проценува дека нов бран поплави во некои области може да достигне и ниво на водата од над 10 метри. - Доколку предвидувањата се покажат како точни, се очекува максималниот бран поплави на реката Перл денеска да надмине 10 метри, што е 24 часа порано отколку што првично се предвидуваше. Ако вашиот дом бил поплавен во 2020 година, голема е веројатноста тоа да се повтори. Сакам силно да ги охрабрам сите да останат мирни. Бидете свесни, но, не паничете, истакна Ривс. Досега, државата распореди 126.000 вреќи со песок и ги стави на готовност екипите за пребарување и спасување. Покрај тоа, агенцијата за управување со вонредни состојби на Мисисипи со дронови го проценува нивото на водата долж реката Перл. бд/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан