• петок, 22 ноември 2024

Се асфалтира патот меѓу карбинските села Таринци и Долни Балван

Се асфалтира патот меѓу карбинските села Таринци и Долни Балван

Карбинци, 8 април 2024 (МИА) - Почна асфалтирањето на  патниот правец од село Таринци до село Долни Балван во Општина Карбинци. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов на денешната прес-конференција истакна дека по подолг временски период се реализира еден од најголемите и капитални проекти во општината. Првпат карбинчани ќе добијат и пешачка патека која ќе може да се користи и во вечерните часови, бидејќи ќе биде целосно осветлена.

-Започнуваме со дозавршување на проектот на патниот правец Долни Балван Таринци. Се работи за еден од најголемите инфраструктурни проекти што воопшто во историјата на Општина Карбинци е реализиран. Овој потег е од 1.600 метри, 1,6 километри. Се работи за проширување на овој патен правец со ширина од шест метри и за првпат изградба на пешачка патека која ќе може да се користи и во вечерните часови, рече Паунов.

Тој додаде дека ова е еден виде булеварско решение на главната артерија во Општина Карбинци. Патот целосно треба да биде асфалтирана во текот на наредните неколку денови.

- Ова е еден вид булеварско решение помеѓу овие две населени места и ова е навистина важен проект затоа што ова е една главна артерија и поврзување меѓу регионалниот и магистралниот пат на територија на Општина Карбинци. Конечно дојде до крајот на овој проект и во следните неколку дена ќе биде целосно завршен, рече Паунов.

Реконструкцијата на патниот правец од село Таринци до село Долни Балван започна кон средината на минатата година. Проектот беше аплициран преку Министерството за транспорт и врски со пари од Светска банка. Станува збор за проект вреден 27 милиони денари, со кофинансирање на Општина Карбинци за осветлување и партерно осветлување. вдј/лв/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан