• понеделник, 23 декември 2024

Се асфалтира патот кон село Огут, Кривопаланечко

Се асфалтира патот кон село Огут, Кривопаланечко

Крива Паланка, 10 јуни 2022 (МИА) – Локалната самоуправа на Општина Крива Паланка информира дека интензивно се работи на асфалтирање на патот кон село Огут, делница од село Габар до м.в. Метежевски преслап.

- Се работи на асфалтирање на преостанатите 5.300 метри од патниот правец, со што ќе се комплетира целокупната траса на патниот правец до селото Огут. Инвестицијата е вредна 15 милиони денари, средства обезбедени од Јавното претпријатие „Државни патишта“. Упатувам благодарност до министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски за реализацијата на овој проект, информира градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.

Изведувач на работите е „Македонија пат“.

Поради изведба на градежни активности на овој регионален патен правец Крива Паланка- село Огут, сообраќајот е контролиран, со контролиран проток на возила во двата правци во работните денови и сабота.

Митовски, од село Луке, Крива Паланка, денес заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на граѓаните од селото им го најавија започнувањето на уште еден значаен и капитален проект, целосна рехабилитација на патниот правец од м.в. Спасена до село Луке во должина од 4,4 километри. ид/сх/

Остани поврзан