• сабота, 20 јули 2024

Се асфалтира локален пат во каменичкото село Цера

Се асфалтира локален пат во каменичкото село Цера
Македонска Каменица, 25 јули 2022 (МИА) - Во Македонска Каменица продолжуваат активностите за уредување и асфалтирање на локалните селски патишта. Во рамки на овие активности, како што информираа од Општината, денеска се асфалтираше пат во маала Каранфилци во село Цера. -Продолжуваме со реализација на ветувањето дека ќе ги асфалтираме и уредиме локалните патишта во сите рурални средини. Денеска се финализира изградбата на локален пат до маала Каранфилци во село Цера. Веќе со наредниот буџет ќе предвидиме финансиски средства за изградба на десетина локални патишта во сите селски средини, информираа од Општината. Во наредниот период, како што додадоа, сериозен приоритет ќе биде подобрувањето и на водоводната мрежа. -Докажуваме дека со рационални инвестиции може да се изгради модерна општина, додадоа од Општина Македонска Каменица. Со посветена работа, најавија, понатамошно инвестирање во проекти од широк јавен интерес. вс/вј/

Остани поврзан