• вторник, 24 декември 2024

Сејшелите забранија крстосување до крајот на 2021 година

Сејшелите забранија крстосување до крајот на 2021 година
Тананариво, 19 мај 2020 (МИА) - Сејшелските Острови ги забранија крстосувањата до крајот на наредната 2021 година, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Надлежните, во меѓувреме, најавија помош за хотелите, одморалиштата, туристичките агенции и сите оние што се погодени од оваа корона-криза. Сѐ уште не се знае дали и кога островите ќе бидат отворени за поморски и воздушен сообраќај. Сејшелите во 2013 година, заедно со неколку други острови и островски држави во Индискиот Океан, како што се Маурициус, Реунион (Франција) и Мадагаскар, ја основаа туристичката организација „Ванила острови“, заради заеднички развој на тукашниот туризам. Сепак, оние што се надеваа дека ќе патуваат на островите оваа и следната година, ќе треба да разгледаат други опции. Европската Унија веќе размислува за отворање на границите меѓу нејзините членки, додека некои земји, како Грција и Италија, веќе објавија планови за обновување на туризмот оваа летна сезона. Друг можен модел и решение е т.н. „патнички меур", кој вклучува туризам меѓу соседни земји, со што ќе се зголеми бројот на летови и ќе се искористат капацитетите за сместување. Таквиот модел веќе го усвоија Естонија, Литванија и Летонија, додека пак, Австралија и Нов Зеланд сѐ уште размислуваат да го сторат истото. си/ссм/

Остани поврзан