• понеделник, 23 декември 2024

Селото Бродец уредува фудбалско игралиште на 1200 метри надморска височина

Селото Бродец уредува фудбалско игралиште на 1200 метри надморска височина
Тетово, 18 мај 2020 (МИА) - Претседателот на месната заедница Башким Фејзулаи вели дека и со доброволна работа кога имаат време постепено се работи на уредувањето. -Речиси два месеци постепено се работи кога имаат време луѓето. Досега се собрани и се потрошени над 3000 илјади евра. Луѓето даваа кој колку можел, а дел дадоа и иселениците. Теренот се рамни со багер, па потоа ќе се уреди тревата. Сега се поставува ограда за безбедност со тоа што се поставуваат 70 метални цевки и жица. Сето ова е самониницијативно, со самомофинансирање, без финансиска поддршка од институциите, објаснува Фејзулаи. Игралиштето ќе биде на 1200 метри височина. -Местото се вика Рамна воденица и е опкружено од три страни со шума, блиску поминуваат река Пена и Студена река, така што е вистинска природна убавина. Порано како селско место се користело за свадби, пеливански натпревари и слично, вели Башким Фејзулаи. Месната заедница има купено и рефлектори за да се игра и во ноќните часови. Игралиштето ќе биде со димензии 55 со 35 метри. ас/ир

Остани поврзан