• недела, 22 декември 2024

Сексуалните работници во Франција во тешка положба поради мерките за коронавирусот

Сексуалните работници во Франција во тешка положба поради мерките за коронавирусот

Париз, 6 ноември 2020 (МИА) - Рестриктивните мерки, кои по вторпат се активирани во Франција оваа година може да влијаат на работата на сексуалните работници, кои имаат многу малку помош во справувањето со кризата, предупредуваат здруженијата и невладините организации, јави дописникот на МИА од Париз.

За време на првиот карантин, многумина мораа да се задолжат во недостиг на приходи. Овојпат, тие немаат друг избор освен да се обидат да работат, и покрај коронавирусот. Сексуалните работници паѓаат во крајна несигурност, алармираат здруженија кои бараат итна помош од државата.

- Тие се плашат од вирусот, како и сите други. Но, кога не знаете што ќе јадете и каде ќе спиете ноќе, приоритетите се други, вели Жун Шарлот, здравствен медијатор во здружението Гриселидис во Тулуз. Тој зборува за „паника“ во рамките на оваа заедница пред вториот карантин. Прашањата кои си ги поставуваат сите се истите: „Како ќе ја платам киријата?“. Како ќе ги хранам моите деца?", додава тој.

Сара-Мари Мафесоли, координатор во „Лекарите на светот“  вели дека сексуалните работници би сакале да не работат, да се заштитат себеси, да го штитат јавното здравје, но тешко дека го можат тоа

- Ситуацијата е тешка, вклучително и во однос на менталното здравје, предупредува таа.

Масефоли проценува дека оваа несигурност се однесува на 90 отсто од сексуалните работници или неколку десетици илјади луѓе.

Здруженијата бараат државни мерки и ја критикуваат „рамнодушноста“ на државата. Тие особено бараат „фонд за итни случаи за да се компензира загубата на приходот за време на карантинот“ и „мораториум за казните, казнувањето на клиентите и уредбите за борба против проституција“.

Движењето Нид (Гнездо) бара „купони за услуги за помош на храна“, како што беа дистрибуирани купони по првото затворање од страна на Интерминистерската делегација за сместување и пристап до домување. Ле Нид исто така сака сексуални работници „на кои им е потребен пристап за итно сместување“ да го добијат, како што тоа се прави за жените жртви на насилството.

За време на првиот карантин, здруженијата започнаа неколку активности за поддршка, беа собрани 80.000 евра, донации од клиенти или сексуални работници со поголеми ресурси. Речиси  500 луѓе и здруженија имаа корист од таа добивка. тг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан