• сабота, 21 декември 2024

Секојдневието на најстарата желка на светот

Секојдневието на најстарата желка на светот
Лос Анџелес, 28 јануари 2022 (МИА) - Еден од најизолираните острови во светот, Света Хелена е дом на најстарите желки во светот. Една од нив е Џонатан - желка стара 190 години. Тој е и најпознатиот жител на островот, а поради својата старост се најде и во Гинисовата книга на рекорди. Се верува дека Џонатан се извел 1832 година и му бил подарен на сер Вилијам Греј-Вилсон, кој подоцна станал гувернер на Света Хелена. Желката пристигнала на овој остров од Сејшелите во 1882. Џонатан би можел да има повеќе од 200 години, бидејќи никој не го знае точниот датум кога тој се извел. Показател за неговата возраст се само фотографиите направени меѓу 1882 и 1886 година, коишто покажуваат дека Џонатан целосно пораснал и уживал во градините на резиденцијата на гувернерот на островот, каде што го минал најголемиот дел од животот. Титулата најстара желка на светот претходно ѝ припаѓаше на Туи Малила - 188-годишна желка. Таа угина 1965 година. Светот значително се промени за време на животот на Џонатан - првата личност е фотографирана 1838 година, сијалицата била измислена во 1878 година, а првиот лет се случи во 1903 година. Интернетот не треба ни да се споменува. Сепак, Џонатан не се променил многу - тој сè уште е сосредоточен на спиење, јадење и парење. Чуварите го хранат рачно бидејќи тој е ослепен од старост, а нема ни осет за мирис. Сепак, тој добро слуша и гласно реагира. Со него живеат уште три големи желки - Дејвид, Ема и Фред. Џонатан најмногу сака да јаде зелка, моркови, јаболка и сезонско овошје. И покрај својата возраст, оваа желка е во релативно добра здравствена состојба и е вистинска ѕвезда на островот Света Хелена во јужен Атлантик.  си/

Остани поврзан