• петок, 22 ноември 2024

Секогаш низ дијалог да ги изнаоѓаме решенијата, порача Заев

Секогаш низ дијалог да ги изнаоѓаме решенијата, порача Заев
Скопје, 9 јуни 2021 (МИА) - Пораката на финансиска стабилност и ликвидност на државата е порака - сметајте на својата Влада, на својата држава. Тука сме да помогнеме и видовме дека кога помагаме веднаш се се враќа во буџетот. Испраќам и порака на соработка со Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), со сите компании во нашата земја и секогаш низ дијалог да ги изнаоѓаме решенијата. Ова денеска го порача  премиерот Зоран Заев во рамки на свеченото Собрание на ОРМ. Премиерор Заев потсети дека поминавме една многу тешка година за целиот свет и за нашите граѓаните и нашето стопанство и додаде оти сега можеме да кажеме дека сме една од позитивните земји која знаела да интервенира, да помогне се со конечна цел – да опостојат бизнисите, а работниците да ги зачуваат своите работни места и да добијат плата. Заев потенцира дека стабилни плати, раст на работни места и намалување на невработеноста во државата е возможно само преку приватниот сектор.  Ако растат компаниите и се поконкурентни и продуктивни тогаш бенефитот веднаш доаѓа за работниците и за државата. Според него, важни работи кои треба да ги направиме се престројувањето и следењето на зелената агенда. Во фокусот, како што рече, е и борбата против сивата економија затоа што ја уништува лојалната конкуренција на пазарот. Се осврна на енергетската ефикасност, на заштедата на енергија, дигитализација и порача дека ние како држава треба да го зголемиме производството, да го зголемиме извозот и да ја зголемиме севкупната конкурентност. Потсети на алатките што ги разви државата за помагање на домашните компании, на условите и придобивките од инвестирање во земјава и на даночните ослободувања. Најави дека во следниот период покрај привлекувањето странски инвестиции, но доминантна посветеност ќе има на домашните производствени капацитети и на домашните субјекти. -Да, драгоцени ни се странските инвестиции, но тие на крајот профитот го носат во своите матични земји, а домашните компании даваат мултиплицирачки ефект и затоа посебно фокус даваме на домашните потенцијали. Ние сме мал пазар и единствен наш излез за раст на економијата е преку зголемување на извозот од државата, рече Заев.  Додаде дека таргети ни се преработувачката индустрија, трудоинтензивната индустрија, земјоделството... Нагласи дека имаме одличен мегдан каде можеме да вложиме. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска потсети на спроведените реформи во својот ресор, на социјалниот дијалог и порача дека законите се проритет за сите нас и законите ќе ги почитуваме. Таа изрази задоволство и се осврна на законското решение дека од 1 октомври недела станува ден на неделен одмор. мд/скс/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан