• петок, 10 мај 2024

Седуммина исчезнати во поплавите во Грција

Седуммина исчезнати во поплавите во Грција

Атина, 9 септември 2023 (МИА) – Во невремето „Даниел“ што во вторникот ја зафати Грција и предизвика поплави и катастрофални штети во повеќе места во централниот дел на земјата, за исчезнати се водат седум лица, меѓу кои и двајца туристи од Австрија, јави дописничката на МИА од Атина. 

Бројот на исчезнати до вчера беше четири лица, додека пак денеска бројот се зголеми на седум лица.

Во поплавите, животот го загубија десетмина, а спасени се стотици граѓани. ср/ми/

Остани поврзан