• четврток, 04 декември 2025

Седници на три собраниски комисии

Седници на три собраниски комисии

Скопје, 13 јуни 2025 (МИА) - Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка.

Пред членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка. 

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање  и Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, двата по скратена постапка. дма/хс/

 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан