• понеделник, 23 декември 2024

Седници на три собраниски комисии

Седници на три собраниски комисии
Скопје, 3 февруари 2022 (МИА) -  Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за европски прашања и Комитетот за односи меѓу заедниците. На дневен ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија за 2020 година, Годишниот извештај за работата на Јавните обвинителства на Република Северна Македонија за 2020 година и Извештајот за реализација на Судскиот буџет за 2020 година. Членовите на Комисијата за европски прашања ќе ги разгледаат Предлог законот за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци за цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции, Предлог законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Предлог законот за адвокатурата и Предлог законот за Академија за судии и јавни обвинители, сите во прво читање. Комитетот за односи меѓу заедниците ќе го разгледа Извештајот за работа на Комитетот за односи меѓу заедниците за 2021 година. дма/са/    

Остани поврзан