• сабота, 13 декември 2025

Северна Македонија на 18 место во светот по испиено кафе на жител годишно

Северна Македонија на 18 место во светот по испиено кафе на жител годишно

Белград, 23 септември 2023 (МИА) - Страницата „World of Statistics“ на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) објави листа на земји во кои се трошат најмногу килограми кафе по глава на жител годишно, според која Северна Македонија се наоѓа на 18-та место и во неа жителите годишно пијат 3,6 килограми кафе, јави дописникот на МИА од Белград.

Според оваа статистика, на прво место е Финска, каде годишно се пијат дури 9,6 килограми на жител.

Следуваат Норвешка со 7,2 килограми, Холандија со 6,7, Шведска со 6,5 и Словенија со 6,1 килограми.

Во „топ 10“ е и Австрија каде жителите годишно пијат 5,5 килограми, а веднаш зад неа, на седмата позиција е Србија со 5,4 килограми.

Следуваат Данска, Германија и Белгија, со околу 5 килограми испиено кафе годишно на жител.

Од земјите во регионот, Босна и Херцеговина е на 12 место со 4,3 килограми испиено кафе на жител годишно, а Хрватска е три места подолу со 3,8 килограми.

Последното место на оваа листа го зазема Нигерија со 0,03 килограми кафе.

Светскиот просек, инаку, е два килограма кафе по глава на жител годишно. об/хс/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан