• сабота, 23 ноември 2024

Северна Македонија бележи напредок во сферата на надворешните односи, оцени ЕК

Северна Македонија бележи напредок во сферата на надворешните односи, оцени ЕК
Скопје, 23 октомври 2021 (МИА) - Северна Македонија е умерено подготвена во областа на надворешните односи и постигна одреден напредок во текот на минатата година, констатира Европската комисија во Извештајот за напредокот на земјава за 2021 година. - Северна Македонија ја продолжи својата добра соработка со ЕУ, вклучително и во рамките на Светската трговска организација (СТО). Беше имплементиран Дополнителниот протокол 5 за олеснување на трговијата, вклучувајќи го и проширувањето на концептот на овластени економски оператори (ОЕО), се наведува во Извештајот. Според Комисијата, Институционалниот капацитет на земјата за целосно учество во трговската, развојната и хуманитарната политика на ЕУ е се уште недоволен. - Во наредната година, земјата треба особено да го зголеми својот севкупен административен капацитет во врска со трговската политика, Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) и во рамките на СТО, да го спроведе Акцискиот план за развој на Заеднички регионален пазар 2021-2024 година, да го имплементира Протоколот број 6 за трговија со услуги на ЦЕФТА и да преговара и да го усвои Протоколот број 7 на ЦЕФТА за решавање спорови, наведува Европската комисија. Во областа на заедничката трговската политика, Северна Македонија, се посочува во Извештајот, продолжи да ги координира своите позиции и тесно да ги усогласува своите политики со оние на ЕУ, вклучително и во рамките на СТО и ги поддржува предлозите на Унијата за реформи на Светската трговска организација (СТО).
- Одредбите од Спогодбата за олеснување на трговијата се целосно применети и Националниот комитет за олеснување на трговијата се состана двапати во 2020 година. Земјата ги продолжи преговорите за пристапување кон Договорот за владни набавки на СТО, преку учество на три сесии на својот комитет во 2020 година. Администартивните капацитети на Министерството за економија, задолжено за трговска политика, треба дополнително да се зајакнат, се заклучува во Извештајот на Ервопската комисија во делот на надворешните односи. вг/сп/

Остани поврзан