• петок, 05 декември 2025

СДСМ: Учениците немаат учебници, власта излажа - Јаневска да понесе одговорност

СДСМ: Учениците немаат учебници, власта излажа - Јаневска да понесе одговорност

Скопје, 23 септември 2025 (МИА) - Помина цел месец од почетокот на учебната година, а учениците и понатаму немаат учебници. Власта ветуваше дека секој ученик од 1 септември ќе има учебник, септември одминува а власта излажа, учебници нема, се вели во соопштението од СДСМ во кое се пренесува прес-конференцијата на портпаролката на СДС Богданка Кузеска, а МИА го објавува интегрално. 

Уште една голема лага на ВМРО-ДПМНЕ и Јаневска. Лага која директно ги погодува децата, учениците и родителите.

Илјадници ученици се приморани да учат без учебници а тие што ги имаат се парталави, стари, оштетени.

Родителите не се должни да печатат учебници дома, ниту наставниците да импровизираат.

Наместо да преземе одговорност Весна Јаневска прво зборуваше дека проблемот ќе го решела со донации, а вчера смени лента, сега на сите што немаат учебници им вели имате PDF формат на интернет.

Обврска на Министерството за образование и на власта е секоја учебна година да почне со обезбедени учебници за сите ученици.

МОН треба да има план, логистика и контрола, и да гарантира дека секое дете во Македонија ќе учи со учебник.

СДСМ бара МОН веднаш да обезбеди учебници и да ги достави во најкраток можен рок.

Весна Јаневска мора да понесе одговорност затоа што излажа и затоа што учениците ги остави без учебници и без основното право на квалитетно образование.

Ова не е прашање на политика, ова е прашање на иднината на нашите деца и на целиот образовен систем.

 

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска – портпаролка

СДСМ: Понижување на народот, власта се гоштева со бадеми и фстаци а граѓаните се оставени сами со скапотијата

Владата на ВМРО-ДПМНЕ повторно ја потврдува својата неспособност и расипништво. Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека секој ден се борат со растечките цени, Владата на Мицкоски и неговите министри не жалеа пари за сопствениот луксуз.

После милионите евра за манго, папаја и бејби биф, сега дознаваме дека Службата за општи и заеднички работи на Владата троши 180.000 евра за апетисани – бадеми, лешници, ф’стаци и индиски ореви за сласт на власта!

Ова е слика и прилика на власта на ВМРО-ДПМНЕ: нема пари за покачување на платите, нема пари за намалување на цените, нема пари за вистинска поддршка на граѓаните, но затоа има пари за нивниот раскош и уживање.

Граѓаните се оставени сами да се справуваат со кризата, додека власта се гоштева со бадеми, фстаци и сладоледи на нивна сметка. Тоа е најголемото понижување за народот.

СДСМ најостро го осудува ова расфрлање на јавни пари и ја потсетува власта дека парите од буџетот се пари на граѓаните, а не на Мицкоски и неговата партиска елита.

 

СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка

Фото СДСМ

Остани поврзан