• понеделник, 23 декември 2024

СДСМ: Новогодишната кошничка е манипулација, трговците веќе ги зголемија цените

СДСМ: Новогодишната кошничка е манипулација, трговците веќе ги зголемија цените

Скопје, 15 декември 2024

Новогодишната кошничка е класична манипулација на власта која ги потценува граѓаните и го прикрива вистинскиот проблем за кој нема решение а тоа е покачувањето на цените на производите.

Владата на Мицкоски намерно остави простор и време па трговците веќе ги зголемија цените пред примена на мерката. 

Сега нема вистински да се намалат цените туку трговците само ќе ги вратат на нивото на коешто беа и тоа реално не значи намалување и не носи никаков бенефит за граѓаните.

Станува збор за договорени цени за кои владата сама кажува дека нема да има казни доколку некој од трговците не ги почитува. Што значи оставен е простор тие сами да ги одредуваат цените врз грбот на народот.

Инфлацијата во месец ноември достигна 4,3%, а трошоците за живот според последните податоци на Државниот завод за статистика бележат раст од 3,5%. 

Сè потешко се живее, сè потешко се пазари а граѓаните се посиромашни. 

Додека цените растат, стандардот на граѓаните опаѓа, а Владата наместо да преземе одговорност и вистински да се справи со кризата, се занимава со манипулации и ги штити трговците наместо граѓаните.

СДСМ бара итни и системски мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, меѓу кои и укинување на ДДВ на храна со што вистински ќе се намалат цените на долг рок и зголемување на минималната плата.

Преку намалување на ДДВ и ќе се олесни финансискиот товар на семејствата до 2.000 денари месечно или околу 24.000 денари годишно.

Владата мора да престане со манипулации и конечно да застане на страната на граѓаните! СДСМ ќе продолжи да се бори за заштита на стандардот на граѓаните.

СДСМ

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото МИА архива

 

Остани поврзан