• среда, 08 април 2026

СДСМ: Владата не презеде ништо да ги заштити граѓаните

СДСМ: Владата не презеде ништо да ги заштити граѓаните

Скопје, 8 април 2025 

Владата на Мицкоски задоцни и не прзеде навреме мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Цените пораснаа, животот на граѓаните стана поскап, а тоа го потврди и Државниот завод за статистика.

Трошоците за живот во март се повисоки за 4,9 %, а најголемиот ценовен притисок е кај храната и безалкохолните пијалаци со растат од 7,5 %, земјоделските производи за 6,4 %, што е директен удар врз стандардот и секојдневната трпеза на луѓето. 

Мицкоски ги остави граѓаните да преживуваат и за време на велигденските празници. Наместо да преземе мерки во деновите кога граѓаните повеќе трошат и кога цените најсилно се чувствуваат, Мицкоски најавува мерки по Велигден, се правеле анализи и се чекаат извештаи.

СДСМ предупредуваше со недели и понуди конкретни мерки за заштита на животниот стандард - за намалување на цените на горивата и на храната, но Мицкоски реши да ги игнорира.

Денеска граѓаните ја плаќаат цената.

Фото СДСМ

Остани поврзан