• недела, 19 мај 2024

СВР Тетово со апел за внимателно возење поради дождовите и голомразицата

СВР Тетово со апел за внимателно возење поради дождовите и голомразицата
Тетово, 10 декември 2020 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Тетово упати апел до возачите за внимателност при управување на возилата поради зачестените врнежи од дожд, појавата на влажни и лизгави коловози, како и можна голомразица. Сите овие појави се причини и за отежнато одвивање на сообраќајот, особено изразено на патиштата на планинските предели.
- Доколку во наредните денови продолжи ваквото време и позначително се спуштат температурите на овие патишта можна е појава и на голомразица, како и одрони од камења, кои дополнително го зголемуваат ризикот за случување на сообраќајни несреќи. Поради ова, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да бидат крајно внимателни ако патуваат кон Попова Шапка, Маврово и слични дестинации на повисоко. Задолжително да поседуваат зимска опрема и да ја прилагодат брзината според условите на патот, истакна Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Од полицијата, исто така на возачите им се советува навреме да ја проверат техничката исправност на нивните возила и да не престигнуваат  други возила на непрегледни места.  - Полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово и овој месец спроведуваат и ќе продолжат со засилени контролни активности, во чие средиште ќе биде техничката исправност на возилата, престигнувањето, како и брзината со која се движат во и надвор од населените места, вели Јосифоски.
Техничките неисправните ќе се исклучуваат од сообраќај и ќе следуваат соодветни поднесоци, како и за пребрзите и алкохолизираните возачи.ас/фф/

Остани поврзан