Свириденко: Масовен руски напад со ракети и дронови врз енергетски објекти во четири украински региони
- „Вечерва, Русија повторно масовно ја нападна Украина со ракети и беспилотни летала, повторно гашајќи ги нашите енергетски објекти“, рече Свириденко во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.
Киев, 30 октомври 2025 (МИА) - Во текот на изминатата ноќ и утринава Русија масовно нападна енергетски објекти во Украина со беспилотни летала и ракети, а цел на напад беа Ивано-Франкивскиот, Хмелницкиот, Киевско и Запорожскиот регион, изјави денеска украинската премиерка Јулија Свириденко.
„Вечерва, Русија повторно масовно ја нападна Украина со ракети и беспилотни летала, повторно гашајќи ги нашите енергетски објекти“, рече Свириденко во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.
Во рускиот напад, оштетени се куќи во Бориспиљ, каде што е повредено едно лице, додека во нападот врз студентски дом и инфраструктурни објекти во Запорожје, повредени се 11 лица, меѓу кои и шест деца на возраст меѓу три и шест години.
„Русија продолжува со својот систематски енергетски терор, ги напаѓа животите, достоинството и топлината на Украинците пред зимата. Нејзината цел е да ја турне Украина во темнина. Наша е да ја зачуваме светлината. Украина прави сè за да го заштити својот народ. Светот мора да направи сè за да ја запре Русија“, нагласи Свириденко.
Неколку термоелектрани на компанијата ДТЕК, исто така, се сериозно оштетени во руските напади во неколку региони низ Украина, наведува Ункринформ. сд/
фото:МИА архива