• понеделник, 23 декември 2024

Свештеник ги прскал верниците со пиштол на крстена вода

Свештеник ги прскал верниците со пиштол на крстена вода
Детроит, 18 мај 2020 (МИА) - Свештеник од Детроит, Мичиген, САД, сакајќи да го задржи пропишаното физичко растојание, на Велигден ги прскал верниците со пиштол на вода, секако - наполнет со крстена вода. Снимките како отец Тим Пелк (70), носејќи и заштитна маска, ги прска луѓето со пиштолчето преку прозорецот од нивниот автомобил, се појавија дури сега и станаа инспирација за лавина шеги на интернет. За тамошните медиуми, тој изјави дека тоа било така зашто луѓето од тој крај сериозно ги сфаќаат препораките на здравствените власти во однос на корона-пандемијата. Досега во САД има 1,52 милиона заболени лица од коронавирусот, од кои 89,932 се починати. си/

Остани поврзан