• петок, 05 декември 2025

Свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Скопје, 12 август 2025, МИА

Прес службата на Владата известува дека, 13.08.2025 година (среда) ќе се одржи одбележување на 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

„По тој повод со почеток во 10:00 часот во Свечената сала во Владата на Република Северна Македонија ќе се одржи свечена седница на која ќе се обрати, Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија“, се вели во владиното соопштение.

Настанот ќе биде пренесуван во живо на „Фејсбук“ и „Јутуб“ каналот на Владата.

 

Остани поврзан