Свечена седница на Комитетот за односи меѓу заедниците по повод 20 години Охридски рамковен договор
- Комитетот за односи меѓу заедниците денеска ќе одржи свечена седница по повод одбележувањето на 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Скопје, 29 јули 2021 (МИА) - Комитетот за односи меѓу заедниците денеска во Собранието ќе одржи свечена седница по повод одбележувањето на 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
Како што најавуваат од собраниската прес-служба, обраќање ќе имаат претседателот на Собранието Талат Џафери, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и други високи претставници од Владата на Република Северна Македонија и поранешни и актуелни членови на Комитетот од неговото основање досега.фф/са/