Свечена изјава на Фатих Алиу за совесно извршување на функцијата член на Советот на јавни обвинители
- Новоизбраниот член на Советот на јавни обвинители на Северна Македонија, Фатих Алиу, денеска во Собранието даде свечена изјава откако на 24 јуни беше изгласан на седница на законодавниот дом, на предлог на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.
Скопје, 30 јуни 2025 (МИА) - Новоизбраниот член на Советот на јавни обвинители на Северна Македонија, Фатих Алиу, денеска во Собранието даде свечена изјава откако на 24 јуни беше изгласан на седница на законодавниот дом, на предлог на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.
Фатих Алиу е дипломиран правник со положен правосуден испит од тетовско Горно Седларци.

Изјавата за совесно, чесно и одговорно вршење на функцијата член во Советот на јавни обвинители и почитување на Уставот и законите, Алиу ја даде пред претседателот на Собранието Африм Гаши, во присуство на претседателката на Советот, Душица Димитриеска.

Претседателот на Собранието на РСМ лани во декември објави оглас за избор на член на Советот на јавни обвинители, а Комисијата за прашања на изборите и именувањата од пријавените кандидати го предложи Алиу. хс/вј/
Фото: МИА