• вторник, 16 декември 2025

Свечена академија за 105 години Филозофски факултет

Свечена академија за 105 години Филозофски факултет

Скопје, 15 декември 2025 (МИА) – По повод 105-годишнината од постоењето на Филозофскиот факултет денеска во големата сала на Македонската филхармонија ќе се одржи свечена академија. 

На настанот ќе се обратат министерката за образование и наука, Весна Јаневска, ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, како и деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Оливер Бакрески.

Свечената академија ќе биде посветена на чествувањето на големата традиција и значењето на Филозофскиот факултет, кој претставува првата единица на македонскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и симбол на институционализацијата на високото образование во Македонија пред 105 години. бк/мд/

фото: МИА

Остани поврзан