• понеделник, 23 декември 2024

Светска банка бара од Г-20 да ги намали долговите на најсиромашните земји

Светска банка бара од Г-20 да ги намали долговите на најсиромашните земји
Вашингтон, 19 јули 2020 (МИА) - Претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас ги повика земјите од Г-20 да разговараат за намалување на долговите на најсиромашните земји со цел да се минимизираат економските влијанија на пандемијата на коронавирус. Тој ја предложи таа иницијатива за време на видео-конференција со министрите за финансии и гувернерите на централните банки. Според Малпас, пандемијата довела до „најголема глобална рецесија во последните децении“, влијаејќи особено на новите економии. - Ги повикувам Г-20 да го отворат патот за консултации, како и за ефективни начини за намалување на нето сегашната вредност и на официјалниот билатерален и на трговскиот долг за најсиромашните земји, рече Малпас.

Покрај тоа, шефот на Светската банка ја објави потребата од продолжување на мораториумот за исплати на долгови од најсиромашните земји.

- Ве повикувам да ја продолжите иницијативата за прекин на исплатата на долговите до крајот на 2021 година, рече тој, истакнувајќи дека е потребна транспарентност на сите билатерални кредитори, вклучително и националните банки.

 

Според него, ситуацијата во земјите во развој се влошува.

- Времето истекува. Треба да преземеме итни мерки за прекин на исплатата на долговите, да ги намалиме долговите, да најдеме механизми за нивно подмирување и да бидеме транспарентни, истакна Малпас. паг/

Остани поврзан