• понеделник, 23 декември 2024

Светот го одбележува Денот на видот

Светот го одбележува Денот на видот
Виена, 8 октомври 2020 (МИА) - Светскиот ден на видот се одбележува секоја година во вториот четврток од октомври. Целта е да се сврти вниманието кон луѓето со оштетен вид, нивна рехабилитација и, колку што е можно - спречување на оваа појава. По овој повод, Клиниката за офталмологија при Медицинскиот факултет и Општата болница во Виена објавија ново истражување, околу нов тип на интраокуларна леќа за лица со катаракта или мрежавост. Вградувањето на леќите кои го коригираат астигматизмот е еден од најчестите зафати при операции на очите. И, за него е потребна голема прецизност при поставување на окото. - Со оптималната стабилност во ротацијата на очите е можно поставувањето на леќата и тоа може да ги поштеди пациентите од натамошни операции на окото. Развивме многу точен метод за анализа и мерење на стабилноста на овој вид леќи. За пациентите тоа значи добар вид без носење очила и без други корективни зафати, објаснува Кристина Лејдолт од Клиниката во Виена. Студијата исто така, говори и за нови мултифокални леќи кои ќе може да го подобрат видот на средно растојание. Се работи за леќа што може да го спречи губењето на видот поврзано со возраста, кое влијае на луѓето постари од 40 години и скоро целосно ги заменува очилата. Во овој миг се спроведуваат истражувања за ефикасноста на овој вид леќи, а резултатите се очекуваат до пролетта 2021 година. си/

Тагови

Остани поврзан