• петок, 22 ноември 2024

Светлото овошје и зеленчук во битката против затнати синуси

Светлото овошје и зеленчук во битката против затнати синуси

Лос Анџелес, 5 јануари 2024 (МИА) - Главоболкa и затнат нос се главните признаци на инфекција на синусите. Синусите се наоѓаат во пределот кај очите, носот, јаготките и челото, а слузот што го лачат служи за задржување на бактериите. Оваа слуз обично се испушта од носот, но настинките, грипот, респираторните болести и алергиите може да предизвикаат воспален и отечен нос. А пак, затнатите синуси водат кон насобирање слуз исполнета со бактерии. За ублажување на симптомите на оваа непријатна појава, се прпорачуваат повеќе намирници што го зајакнуваат имунитетот и помагаат во заздравувањето.

Пред сè, за полесно справување со воспалението, покрај лековите, се препорачува и пиење повеќе течности и урамнотежена исхрана.

Ѓумбир

Ова е една од најделотворните намирници во случај на воспаление на синусите, особено ако причинител се алергии. Научен труд објавен во „БМЦ комплементари енд терапис“ (BMC Complementary Medicine and Therapies) покажа дека земањето 500 милиграми ѓумбир секој ден ги ублажува симптомите на алергија подеднакво делотворно како и 10 милиграми антиинфламаторен лек.

Во таа смисла, и чај од ѓумбир може да биде полезен. Иако можеби нема да ги има истите ефекти како ѓумбирот во цврста состојба, и сокот од ѓумбир без додадени шеќери, исто така, може да биде еден од најдобрите напитоци против инфекции на синусите.

Лук и кромид

Сечканиот лук ослободува алицин - супстанција со антибактериско и антимикробно дејство во борбата против вирусите, настинките и насобирањето слуз во синусите. Сепак, според Медицинскиот универзитет во Рочестер, Њујорк, САД, потребни се повеќе испитувања за подобро да се разбере како лукот може да ги третира овие проблеми. И кромидот содржи алицин, и може да помогне во случај на инфекција на синусите и затнат нос.

Разновидно овошје и зеленчук

Според напис објавен во „Адвенсес ин нутришн“ (Advances in Nutrition), одредени соединенија во светло обоените овошја и зеленчук, како што се каротеноидите и флавоноидите, може да имаат антиинфламаторни и антиоксидантни ефекти што му помагаат на телото да функционира подобро. Тука главно спаѓаат: јагоди, боровинки, цреши, портокали, домати, спанаќ и кељ.  си/сд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан