Свети Николе ќе почне со кампања за донирање на крвна плазма
- Светиниколскиот кризен штаб ќе почне кампања за донирање на крвна плазма за пациентите заразени со корона вирусот. По вчерашните седум нови случаи, бројката на активни инфицирани со коронавир

Штип, 23 октомври 2020 (МИА) - Светиниколскиот кризен штаб ќе почне кампања за донирање на крвна плазма за пациентите заразени со корона вирусот. По вчерашните седум нови случаи, бројката на активни инфицирани со коронавирусот изнесува 64.
-Според излагањето на присутните заболени од корона вирусот има и едно двомесечно бебе, седум лица се на болничко лекување.Од МВР не информираа дека на 481 лице им е изречена казна за неносење маска. На седницата се разгледа и се донесе заклучок да се поведе активна кампања за донирање на крвна плазма од излечени лица од КОВИД-19 , која им е потребна во лекување на заболените лица, се вели во соопштението на Општинскиот кризен штаб-Свети Николе.
Апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19, како и често миење на раце, држење на дистанца и носење ма заштитни маски. вдј/ац/