• четврток, 25 јули 2024

Свети Климент Охридски - 8 декември, неработен ден за сите граѓани

Свети Климент Охридски - 8 декември, неработен ден за сите граѓани

Скопје, 6 декември 2023 (МИА) - Свети Климент Охридски - 8 декември (петок) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, овој ден е неработен согласно Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07).

Mинистерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита празникот Св. Климент Охридски. мд/са/

Фото: МИА архива 
 

Остани поврзан